Лацио и Рома одиграа без голови во големото римско дерби!

by
1 минути читање

Како што и се очекуваше, Лацио и Рома одиграа тврд натпревар со голема борба и пожртвувана игра и на двете страни, но погодоци немаше.

Рома подобро го почна мечот, а потоа Лацио имаше свои период во кој имаше две одлични шанси, еднаш со шут на Луис Алберто ја погодија стативата, а потоа Руи Патрисио имаше одлична одбрана.

Во најголемиот дел од второто полувреме Рома ја имаше топката и се обидуваше да направи нешто конкретно, но тешко им успеваше. Одбраните беа одлични и на двата тима.

На крајот дербито заврши без голови, но и без многу можности. Ремито е најреален резултат на овој меч.

×