Спектакл на
„Стемфор Бриџ“ во Лондон, Челси и Манчестер Сити одиграа луд меч со пресврти, возбуда,
драма и дури осум погодока.
Гостите поведоа
со гол од пенал на Халанд во 25. минута, но за кратко се пормнија работите,
Силва изедначи на 1-1 во 29. минута, а Стерлинг реализираше за 2-1 во 37. минута.
Во финишот на
првиот дел Аканџи донесе нов егал и погоди за 2-2, а веќе на стартот од вториот
дел дојде до нов пресврт, Халанд со својот втор гол го врати повторно Манчестер
Сити во предност.
Џексон искористи
една лоша интевенција на Едерсон и донесе 3-3 во 67. минута, за мечот да влезе
во луда завршница.
Тиаго Силва во
обид да блокира еден шут на Родри си ја затресе сопствената мрежа, и кога се
чинеше дека Манчестер Сити ќе слави победа, домаќините добија пенал длабоко во
судиското надополнување а Палмер остана смирен и му откина два бода на својот
поранешен клуб.>
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.