По разочарувачкото реми со Унион Берлин во Лигата на шампионите, Наполи денеска загуби од Емполи на свој терен.
Руди Гарсија направи неколку замени во составот, не стартуваше со Кварацхелија, Зиелински и Натан кој подоцна влегоа во игра.
Според „Скај Спорт Италија“, Де Лаурентис на полувремето се симнал во соблекувалната на Наполи, истото го направил и на претходните мечеви.
По мечот бил лут од поразот и им забранил на тренерот и фудбалерите да даваат изјави за медиумите.
Де Лаурентис на трибините седел до браќата Фабио и Паоло Канаваро. Се шпекулира дека токму тие би можеле да го водат Наполи.
Фабио Канаваро беше отпуштен од Беневенто во февруари 2023, а асистент му беше неговиот брат. Двајцата потекнуваат од Наполи, имаат играно за овој клуб, особено Паоло.
Друг кандидат кој се поврзува со Наполи е Игор Тудор кој претходно работеше во Удинезе и Марсеј.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.