ПСЖ се искачи на лидерското место во Лига 1 откако денеска триумфираше кај Ремс. Херој на натпреварот беше Килијан Мбапе, напаѓачот постигна хет-трик и донесе три бода.
Но по крајот на натпреварот, тренерот Луис Енрике излезе со шокантна изјава и порача дека не е задоволен од својата прва ѕвезда.
„Денеска не бев многу среќен со Мбапе. Не можам да замерам за головите, но има неколку други аспекти во кои мора да биде подобар. Не сум задоволен од него, може многу подобро“ – вели Луис Енрике.
„Ќе го анализирам уште еднаш натпреварот и потоа приватно ќе му кажам што мислам. Тој е еден од најдобрите во светот, но потребно е да пружи повеќе. Барем јас така мислам“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.