Јувентус нареди пет победи и повторно ќе преноќи на врвот во Серија А (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Избраниците на Макс Алегри ја продолжија победничката серија, вечерва со 2-1 го совладаа Каљари.

Првото полувреме беше прилично здодевно и без погодоци, а резултатот беше отворен по еден час игра. По еден прекин, Бремер со глава донесе предност од 1-0.

Во 70. минута Јувентус поведе со 2-0, еден корнер донесе нова шанса а Ругани со многу среќа ја затресе мрежата.

Пет минути подоцна, корнер на спротивната страна донесе радост и за Каљари, Досена скокна највисоко и намали на 2-1. Истиот играч во 82. минута можеше да ги замолкне навивачите на Јувентус, но неговиот удар со глава само ја затресе стативата, па трите бода останаа во Торино.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×