Топчиите ги освоија планираните три бода против Барнли откако победија со 3-1.
Тросар во судиското продолжение од првото полувреме постигна гол за водство на Арсенал од 1-0, но по девет минути игра во вториот Броунхил успеа да го изедначи резултот.
Но беа потребни само три минути за Салиба да ја врати предноста на Арсенал, а Зинченко во 74. минута ги постави конечните 3-1.
Манчестер јунајтед со гол на Линделоф во 59. минута дојде до минимална победа но големи три бода во дуелот против Лутон.
Не беше се така добро за црвените ѓаволи, на мечот се повредија Ериксен и Хојлунд.
Најмногу голови имаше во Лондон каде Евертон со 3-2 го победи Кристал Палас.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.