Милан водеше со 2-0 против Лече, на крајот може да биде среќен што не загуби! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мечот не почна најдобро за Милан, по само десет минути игра Леао поради повреда мораше да го напушти теренот, на негово место влезе Окафор.

Но росонерите со гол на Жиру во 28. минута поведоа со 1-0, а Рејндерс седум минути подоцна зголеми на 2-0. Во тие моменти се чинеше дека нема да има дилеми околу победникот на овој меч, но не беше така.

Драмата почна од 66. минута кога Сансоне постигна гол и намали на 2-1, Лече се врати во живот.

Само четири минути подоцна Сансоне беше асистент за гол на Банда со кој Лече го изедначи резултатот на 2-2.

Домаќините атактуваа на сите три бода против шокираниот Милан кој во 93. минута остана без Жиру. Напаѓачот заработи жолт картон, а поради протест веднаш му беше покажан и црвен.

Во следната минута Пиколи постигна фантастичен погодок од далечина за комплетен пресврт и водство на Лече од 3-2, но судијата по преглед на снимката му го поништи погодокот. Причина беше фаул од еден од фудбалерите на Лече поради газење на противнички играч. 

Фудбалерите на Лече протестираа на оваа одлука сметајќи дека нема фаул, газењето беше сосема случајно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×