Неверојатен меч со седум гола во Билбао, Атлетик ја победи Селта со гол во 98. минута! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Новото коло од Ла Лига почна со неверојатен меч меѓу Атлетик Билбао и Селта на кој покрај седумте гола имаше уште многу возбудувања.

Селта го отвори мечот со гол на Аспас во 25. минута од натпреварот, Сансет во 37. минута изедначи на 1-1.

Четири минути подоцна Бамба даде гол и го врати водството на Селта, но во судиското продолжение од првото полувреме Гурузета погоди за 2-2.

По седум мунути игра во вториот дел Гурузета со нов гол направи комплетен пресврт и донесе водство за Билбао, а во 66. минута Ларсен израмни на 3-3.

Аспас беше трагичар на Селта, промаши пенал во 72. минута. Во судиското продолжение Атлетик Билбао доби пенал, прецизен беше Беренгер во 98. минута за победа од 4-3.

Промашениот пенал на Аспас:

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×