Арда Ѓулер повторно се повреди, Анчелоти смирува: Не е сериозно!

by
1 минути читање

Тој заработил ситна повреда пред мечот со Брага. Анчелоти го потврди тоа но верува дека наскоро фудбалерот ќе биде подготвен за деби.

„Арда Ѓулер се повреди пред мечот со Брага. Тој е тажен, но повредата не е сериозна, таа е ситна“, вели Анчелоти. 

„Неговата претходна повреда во менискусот влијаа на сите други мускулни повреди кои сега ги има. Се случува“.

„Верувајте ми, иднината на Арда Ѓулер не е во опасност. Тој ќе има неверојатна иднина тука, во Реал Мадрид“.

„Му реков на Арда да осане мирен и да не брза. Тешко е кога сте повреден и ги гледате другите како играат. Ја разбирам неговата тага и разочарување“.

„Му даваме поддршка на Арда, Не брзаме. Неговата иднина е тука, тој е исклучителен талент“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×