Мурињо: И да го победиме Лацио, поразот од Славија нема да го заборавам!

by
1 минути читање

Рома ако победеше во Прага на две кола пред крајот ќе го освоеше првото место во групата. Со пораз од 2-0 имаат исто бодови со Славија, а на крајот гол разликата ќе одлучува кој ќе биде прв, а кој ќе биде втор. Таа е на страната на чешкиот тим кој за три гола има подобра гол разлика од римјаните.

Ако не заврши на првото место, Рома ќе има два натпревари повеќе во Европа, односно наместо како прва да се пласира директно во осминафиналето, тие ќе треба да одиграат и 1/16 финале.

Мурињо беше разочаран од играта на своите фудбалери, Португалецот е лут и вели дека не може да го заборави овој пораз.

На прес-конференцијата Мурињо беше прашан дали неговите фудбалери веќе биле со мислите на неделното дерби против Лацио.

„Невозможно е некој повеќе да ја чувствува важноста на овој клуб и градот од мене. Дури и да сте родени во Тригорија, јас се уште ќе бидам првиот кој ќе ја чувствува тежината на дербито. Па не, фудбалерите не беа со мислите на дербито“, вели Мурињо.

„Настрана од фактот што Рома е посебна за мене, начинот на кој работам прави да е невозможно за нив да го чувствуваат дербито повеќе од мене. Тоа што е возможно е дека некои од нив го немаат истото ниво на професионалност како мене. Најважниот меч беше денеска. И го упропастивме“.

„Ги загубивме сите дуели, дефанзивците изгледаа како да се напаѓачи на противничкиот тим, неверојатно. Многу ми е жал. Дури и да победиме на дербито, нема да го заборавам овој пораз. Го загубив мечот на ужасен начин. Моја е вината“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×