Во денешниот фудбал нема друг тренер како Диего Симеоне, Аргентинецот веќе 12 години е тренер на Атлетико Мадрид, а го продолжи договорот за уште четири.
„Диего Симеоне ќе остане тренер на нашиот клуб до 30 јуни 2027 година. Аргентинецот потпиша нов договор и го продолжува проектот кој го почна во декември 2011 година“, стои во соопштението на Атлетико Мадрид.
Симеоне досега го водеше Атлетико Мадрид на 642 натпревари, најмногу за еден тренер во историјата на овој клуб. Со него кренаа осум трофеи, двапати ја освоја Ла Лига, еднаш Купот на Шпанија, еднаш Суперкупот на Шпанија, двапати Куп на УЕФА (Лига Европа) и двапати УЕФА Суперкупот.
Una conversación muy especial…#Simeone2027 pic.twitter.com/lLo4bOgflz
— Atlético de Madrid (@Atleti) November 9, 2023
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.