Крај на семејната драма: Таткото на Луис Диаз е ослободен!

by
1 минути читање

Заврши семејната драма на напаѓачот на Ливерпул Луис Диаз, неговиот татко попладнево е ослободен.

Пред две недели, тој и неговата сопруга беа киднапирани во нивниот роден град Баранкас.

Мајката на Луис Диаз беше ослободена неколку часа подоцна, додека пак грабнувачите успеаја да избегаат со таткото на фудбалерот, се шпекулираше дека тие пребегнале во Венецуела.

Напаѓачот се врати на тренинзите во петокот минатата недела, влезе во игра впротив Лутон во саботата и постигна гол за бод. При прославата, го подигна дресот и покажа маичка на која пишуваше „Ослободете го татко ми“.

Желбата му се исполни вечерва, Фудбалската федерација на Колумбија и полицијата известија дека таткото на Луис Диаз бил ослободен.

Тој со воен хеликоптер треба да биде пренесен до градот Ваљедупар, каде ќе му бидат направени лекарски прегледи, и потоа ќе биде вратен кај семејството.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×