Бербатов со совет до Антони: Престани да мислиш дека си Роналдињо, почни да играш едноставен фудбал!

by
1 минути читање

Антони често добива критики, Бразилецот прикажува бледи партии по трансферот од Ајакс вреден околу 100 милиони евра и не ги оправдува вложените пари.

„На Тен Хаг му се допаѓа Антони, сите го знаат тоа, заедно соработуваа во Ајакс. Јасно е дека напаѓачот му е слаба точка на тренерот, и му укажува голема доверба“ – вели Димитар Бербатов, кој го носеше дресот на Манчестер јунајтед.

„Антони треба да знае дека секогаш кога ќе истрча на теренот треба да ја оправда довербата на Тен Хаг. Но во моментов работите не се одвиваат така, па мојот совет е да почне да игра едноставен фудбал, да не комплицира“.

„Да престане да мили дека е Роналдињо или Зидан, да не прави глупави трикови кои на тимот не му носат никаква корист“.

„Антони е брз, па треба да го искористи ова и да се уфрла зад дефанзивците, да добие топка и да почне да дели асистенции, или да шутне и да постигне гол“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×