Манчестер јунајтед последен пат кога имал ваков старт на сезоната, испаднал од лигата!

by
1 минути читање

Претходниците на Ерик тен Хаг за помалку добиваа отказ, но раководството засега му дава поддршка, а таа ја има и од легендите на клубот кои работат како критичари. На негова страна се и голем дел од фановите.

Бројките пак велат дека сезонава Манчестер јунајтед е очајно лош.

Манчестер јунајтед загубил девет од првите 17 мечеви во сезоната во сите натпреварувања првпат по сезоната 1973-74, тоа е последната сезона кога испаднал од најдобрата англиска лига.

Црвените ѓаволи се далеку од испаѓање, но оваа статистика е уште еден показател за тоа каква сезона игра Манчестер јунајтед.

×