Пепе: На мајка ми ѝ беше роденден, ѝ реков дека ќе дадам гол за неа!

by
1 минути читање

Со 40 години и 256 дена, Пепе стана најстариот стрелец во Лигата на шампионите, прв играч кој постигнал гол во петтата деценија од својот живот.

„Најпрво, ова беше посебен ден бидејќи беше роденден на мојата мајка. Ѝ реков: Ќе постигнам гол за тебе“, открива Пепе.

„Да бидам тука на оваа возраст е неверојатно, работам напорно, се жртвувам и имам огромна пасија за фудбалот“.

„Мој сон беше да станам фудбалер еден ден. Да бидам на полн стадион и да играм, да уживам, да имам посебни ноќи“.

„Знам дека ми остана уште многу малку пред да ја напуштам оваа игра, но секој ден ќе го давам најдоброто од мене за Порто“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×