Раул е тренер на младинскиот тим на Реал Мадрид, присутен е во клубот, па одблиску ги следи работите, тој е и еден од кандидатите кои се споменуваат како можни наследници на Анчелоти.
„Имав доволно среќа да бидам на првиот тренинг на тимот кога Белингем пристигна. Го знаев него, но кога ќе го видите одблиску, кога ќе ги видите работите кои ги прави… тој е голема личност, талент кој ја заработи љубовта и почитта од сите фанови на Реал Мадрид и фудбалските луѓе“, вели Раул.
Раул беше запрашан и дали би можел да биде следниот тренер на Реал Мадрид.
„Јас сум клупски човек. Среќен сум со она што го правам, важната работа е да помагам на дневна основа. Следната година, следната сезона ќе знаеме. Во фудбалот нема работа како следната година. Има само денес и следен натпревар. За Реал Мадрид тоа е натпревар од Лигата на шампионите, а за мене е мечот против Мурсија во недела“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.