Се појави нов Ибрахимовиќ и веќе почнува да тресе! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ибрахимовиќ е фудбалер на Баерн Минхен кој оваа сезона игра на позајмица во Фросиноне.

Првпат стартуваше во Купот на Италија против Торино и постигна гол.

Вечерва на мечот меу Фросиноне и Емполи од Серија А, повторно доби шанса од стартот и повторно даде гол. Неговиот тим победи со 2-1, а тој го постигна вториот погодок. Тој беше прогласен и за играч на натпреварот, доби највисока оценка, што е импресивно за 17-годишен фудбалер.

Аријон Ибрахимовиќ е роден во Нирнберг. Почнал од школата на Гројтер Фурт, па се префрлил во Нирнберг. Од таму во 2018 година оди во академијата на Баерн Минхен со кој го потпишува и првиот сениорски договор. 

За Баварците има само еден настап во финишот од минатата сезона кога влегол во 77. минута против Бохум. 

Летово е пратен на позајмица во Фросиноне, тоа е првиот клуб каде може да ѝ покаже на јавноста за каков талент станува збор и одлично го прави тоа.

Ибрахимовиќ настапува за младинските репрезентации на Германија.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×