Ливерпул се спаси од пораз, Нуњез се изнапромашува! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Лутон можеше да направи големо изненадување, но Луис Диаз го спаси Ливерпул од пораз во последните минути од судиското продолжение.

Во центарот на вниманието беше Дарвин Нуњез кој имаше многу прилики за гол, но ниту една не реализираше.

Особено големо беше едно негово промашување од пред некој метар кога успеа да го промаши целиот гол.

Казната стигна во 80. минута кога Чонг постигна гол за водство на Лутон од 1-0.

Многу малку фалеше домаќинот да се израдува на победа, тоа го спречи Луис Диаз кој постигна гол во 95. минута.

За него тоа беше посебно емотивен погодок поради случајот со киднапирањето на неговите родители.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×