Навивачите на Милан не се среќни од тоа што го гледаат од своите миленици. Вчера росонерите беа исвиркани на Сан Сиро.
На последните четири меча во сите натпреварувања Милан има едно реми и три порази. Во ЛШ се на последното место во групата, во Серија А веќе заостануваат шест бода зад лидерот.
Ова е првпат по септември 2012 година Милан да загуби два меча во низа во Серија А без притоа да даде барем еден гол.
„Мора да играме подобро, можам да кажам само дека фер е што добивме свирежи од навивачите, особено кога ме свиркаат мене бидејќи тоа не се перформансите кои ги сакаме“, вели Пиоли.
„Мора да бидеме загрижени за резултатот и перформансот. Знаевме дека може да биде тешко бидејќи Удинезе не ве остава да влезете во ритам, но целите перформанси не беа на наше ниво“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.