Тухел: Сега прашајте ги Матеус и Хаман зошто победивме во Дортмунд – сигурно знаат!

by
1 минути читање

Најгласни во критиките по поразот од Сарбрикен беа Лотар Матеус и Дитмар Хаман. Тухел вчерашната победа во Дортмунд ја искористи за да им врати.

„Зошто победивме сега? И покрај дупките во тимот и немањето развој? Лотар сигурно знае. Ако не тој, тогаш дефинитивно Диди (Хаман)“, одговори Тухелл.

„Многу сум среќен со мојот тим, се беше одлично. Тоа беше топ меч, одигравме фантастично. Среќен сум за тимот. Креиравме многу шанси и постигнавме голови, комплетно заслуживме да победиме“.

„Многу работи направивме добро на овој меч, не можеше да биде лошо како што пишуваше во медимите. Сега победивме 4-0, а вие (новинарите) треба да се свртите за 180 степени. Забавувајте се. Сега можете да си ја работите вашата работа, но без мене!“.


×