Не бил купен само за да се продаваат дресови, синоќа сите беа импресионирани од засилувањето на ПСЖ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ПСЖ изминатово
лето изненади многумина кога реши да одвои 22 милиони евра и да го ангажира Ли
Канг Ин од редовите на Мајорка.

Пред две недели беше
објавено дека дресот на фудбалерот од Јужна Кореја е најпродаван во Париз, повеќе
дури и од првата ѕвезда Килијан Мбапе, и покрај тоа што тој има ограниена
минутажа.

Но очигледно тој
не бил купен само за да се продаваат дресови, Ли Канг Ин на синоќешниот
натпревар против Монпеље импресионираше со својата партија.


Тој прекрасно
погоди во аголот од врвот на шеснаесетникот за 1-0, а потоа воодушеви и со
неколку дриблинзи, но и со играта во одбраната и неколку освоени топки.

По крајот на
натпреварот, Луис Енрике не го криреше задоволството и рече: „Тој е големо
засилување, добро го познавам од Шпанија. Се работи за играч кој навивачите ќе
го обожаваат. Има многу квалитети, огромна желба и неуморно работи во нападот и
одбраната. Не губи топка под притисок, носи прави одлуки при дистрибуција на
топката, постигнува голови, игра во одбрана… Се работи за комплетен играч.
Секако, мора да продолжи да бележи прогрес и убеден сум дека ќе го стори тоа
бидејќи е гладен за успех“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×