Тијаго Силва го нападна ПСЖ: Мислат дека имаат многу пари и можат да забележат успех, фудбалот не функционира така!

by
1 минути читање

Откако катарците станаа газди на ПСЖ, беа вложени многу пари за клубот да стане сила во Европа. „Светците“ можеби доминираат во Франција, но имаат многу проблеми кога се надигруваат со најдобрите на стариот континент и често доживуваат болни елиминации во Лигата на шампиони.

„Видите, ништо не може да се случи преку ноќ. Нема да забележите успех само поради тоа што имате многу пари. Фудбалот не функционира така. Доколку немате јасна стратегија и план, работите нема да функционираат“ – вели Тијаго Силва, кој долги години го носеше дресот на ПСЖ.

„Исто така, прво треба да ве почитуваат во сопствената земја, па потоа да ве почитуваат и останатите. Не успеавме во тоа“.

„ПСЖ го правеше спротивното, сакавме да не обожаваат во странство, а не направивиме ништо за да бидеме почитувани дома“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×