Бразилец го одби Бразил, сака да игра за Хрватска!

by
1 минути читање

Белињо имал повик од Бразилската фудбалска федерација да настапува за нивните млади селекции, но младиот фудбалер заедно со своите родители кои веќе неколку години живеат во Загреб, одлучиле да игра за Хрватска.

„Ни се јавија од Бразилската фудбалска федерација, но момчето сака да игра за Хрватска. Луѓето од Хрватската фудбалска федерација силно се ангажираа да го прифати нивниот повик и веќе работиме на тоа да добие пасош што би треба да се случи до крајот на годината. Го прифати повикот на Хрватска. На Белињо во оваа земја му е многу убаво, неговото семејство тука е среќно, одлично зборува хрватска и загреб го смета за свој дом“, вели за „Индекс“ агентот на Белињо, Енди Бара кој пред две години го донесе во Хрватска.

Ова нема да биде првпат за Хрватска да играат Бразилци, претходно дресот на коцкестите го носеа Едуардо да Силва и Самир.

Неговиот агент прогнозира дека Белињо ќе вреди 100 милиони евра.

„Мислам дека би можел да стане играч од 100 милиони евра. Тој има 14 и пол години и ние не знаеме што ќе биде бидејќи е дете. Но ако продолжи со ова темпо и ако успее да го одржи ова ниво и разликата од другите која ја има во неговата генерација, тој ќе биде најскап играч во историјата на хрватската лига. Ако игра вака и во сениорскиот фудбал, тој од Динамо ќе си оди за 50 милиони евра“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×