Директорот на Интер објаснува како пропаднал договорот за Лукаку: Со денови и денови му ѕвоневме, не крена…

by
1 минути читање

Откако заврши позајмицата, Интер се обиде целосно да го откупи Лукаку, преговараше со Челси, но во еден момент фудбалерот престанал да им крева на повиците, потоа се дозна дека тој преговарал и со Јувентус.

„Преферирам да не зборувам за играч кој е во друг клуб, во изминатите месеци не сум го направил тоа. Велам дека сакам само да мислам на сегашноста и иднината, а Лукаку е дел од минатото. Со него го освоивме Скудетото, ни донесе значителна капитална добивка, и загубивме две финалиња“, вели Аусилио.

„Мора да има едукација и почит, работите одеа напред, тоа беше јасно, но во еден момент запреа. Има операции кои не успеваат, но треба да има почит и нема да има никаков проблем“.

„Но, доколку некој исчезне и не во одговара на телефонските повици… тоа беше неприфатливо“.

„Договорот пропадна на 8. јули по денови и денови во кои се обидувавме да го добиеме“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×