По натпреварот со Интер, Мурињо се пожали за распоредот на Серија А велејќи за разлика од волчицата која играла во четврток во Европа, нероазурите имале повеќе одмор бидејќи нивниот меч во ЛШ бил во вторник. Лигата можела дербито да го стави во понеделник наместо во недела.
Со изјава се јави Де Сиерво кој како алиби ги оцени изјавите на Мурињо.
„Го почитувам Мурињо за тоа што го прави за Рома и за фудбалот, но со сета искреност неговите коментари звучат како алиби“, вели Сиерво.
„Тој е професионалец кој го знае нашиот свет во спортот. Видете ја само Барселона која играше Лигата на шампиони, а потоа имаше Класико со Реал Мадрид од 16 часот“.
Ваквите изјави на првиот човек на Серија А не биле добро прифатени од Рома и од Жозе Мурињо.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.
Според „Кориере дело Спорт“ во Рома веруваат дека личност од таа позиција треба не смее јавно да осудува тренер.