Атлетико Мадрид го победи Алавез и ја прескокна Барселона на табелата! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тимот на Симеоне ја продолжи одличната форма оваа сезона, ги освои трите бода и против Алавез.

Резултатот го отвори Рикелме во 26. минута, а пред самиот крај на првото полувреме Мората реализираше за 2-0.

Атлетико Мадрид во второто полувреме постигна и трет гол, Гризман беше стрелец, но погодокот беше поништен поради несфатлива одлука на судијата. Не почитуваше предност, свирна фаул за Атлетико пред да шутне францускиот фудбалер.

Пред последниот судиски свиреж, Алавез постигна почесен гол, Гевара погоди за конечни 2-1.

Атлетико Мадрид сега е трет на табелата со 25 бода, еден повеќе од Барселона и три помалку од Реал Мадрид и Жирона. Тимот на Симеоне има меч помалку.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×