Младата ѕвезда на Јунајтед под истрага за расизам, Онана порача: Знам точно што мислеше! (ФОТО)

by
1 минути читање

По многу критики,
Андре Онана конечно имаше квалитетна партија и беше херој на Манчестер јунајтед
против Копенхаген, голманот одбрани пенал во 97. минута и помогна неговиот тим
да стигне до три важни бода.

Честитки стигнаа
од сите страни, а големо внимание привлече пораката на младиот Алехандро
Гарначо, младиот Аргентинец објави фотографија од Андре Онана и постираше две
емоџи со горила.

Постот подоцна
беше избришан, а ФА стапи во контакт со Алехадро Гарначи и бара објаснување,
сметааат дека ова може да се протолкува како расна навреда.

По ваквиот развој
на настаните, се огласи Андре Онана, кој застана во одбрана на својот помлад
колега.

„Луѓето не можат
да избираат од што јас треба да бидам навреден. Знам точно што мислеше Гарначо –
моќ и сила. Нема потреба да се крева голема прашина“
– порача Камерунецот.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×