Додека Интер договараше со Челси комплетно да го откупи Лукаку, се дозна дека тој тајно преговарал со Јувентус кој е најголем ривал на нероазурите. Кога се дозна за тоа, сите во Интер почнаа да го мразат напаѓачот, клубот веднаш ги прекина преговорите со Челси.
Во недела навивачите на Интер планираат посебни активности за Лукаку да види колку го мразат. Ќе поделат преку 30.000 свирчиња.
„Лукаку е непријател бидејќи од сакан фудбалер направи да биде омразен. Во недела ќе добие добредојде какво што заслужува“, вели лидерот на ултрас навивачите на Интер.
„Не заслужува кореографија. Кореографиите се прават за луѓе кои имаат заслуги. Тој не заслужил ништо, единствената работа која ја заслужил е да слушне колку многу го мразиме и поради тоа на стадионот ќе поделиме преку 30.000 свирчиња, не само за луѓето од групата, туку за сите кои ќе дојдат на стадионот“.
„Свиркањето е начин да му покажеме дека ова повеќе не е негов дом. Прво беше господар, сега е непосакуван гостин. Фановите на Интер го гледаат него како предавник, како негативец и во Милано ќе има добредојде какво што заслужува. Ние навредуваме човек, го осудуваме неговото однесување кон нас и апсолутно не размислуваме за бојата на неговата кожа“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.