Баерн стравува од егзодус, 4 ѕвезди абер немаат за потпис на нов договор

by
1 минути читање

Билд пишува за
загриженост на „Алианц Арена“ и многу прашалници за иднината на неколку клучни
играчи.

Лерој Сане,
Алфонсо Дејвис и Џошуа Кимих се под договор до јуни 2025 година, и во моментов
нема преговори за продолжување на истите.

Раководството на
Баерн Минхен стравува дека тие чекаат прималиви понуди од други клубови, па за
да се избегне случајот на Давид Алаба, големи се шансите следното лето да бидат
ставени на продажба и да не им биде дозволено бесплатно да го напуштат клубот.

Слична е
ситуацијата и со Џамал Мусиала, разлика е што неговиот договор е до јуни 2026,
па „баварците“ имаат поголем простор за договарање нова соработка.

Младиот Германец
изминативе денови често е дел од трансфер шпекулациите и се говори дека фудбалерот
од средниот ред е во бележникот на Реал Мадрид и Ливерпул.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×