„Ако Евертон биде казнет со одземање на 12 бода, тогаш Манчестер Сити треба да заврши во шеста лига!“

by
1 минути читање

Евертон подолго
време е под истрага за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј, и оваа
недела се појавија информации кои велеа дека Премиерлигата бара на „карамелите“
да им се одреди строга казна и одземање на 12 бода.

На ваквите
информации интересна реакција имаше Џејми Карагер, кој смета дека Манчестер
Сити треба да биде испратен во шеста лига доколку се применат истите аршини.

„Премиерлигата
бара одземање на 12 бода на Евертон за само едно обвинение. Манчестер Сити ќе
заврши во Национална Лига Север доколку Премиерлигата постапи исто!“
– напиша легендата
на Ливерпул.

„Неверојатно
колку само написи се појавија за ситуацијата на Евертон, но прилично е тивко
кога е во прашање Манчестер Сити, кој да потсетам има дури 114 обвинениа“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×