„Росонерите“ мака
мачат во Лигата на шампионите, синоќа загубија со 3-0 на гостувањето во Париз и
останаа на дното на табелата.
По крајот на
натпреварот, капитенот Давиде Калабрија не го криеше разочарувањето, и во
жештината на моментот даде коментари кои не му се допаднаа на тренерот Стефано
Пиоли.
„Можеме да жалиме
за првите два натпревари, можевме да освоиме повеќе бодови, но вечерва ПСЖ
покажа дека е подобар од нас“ – рече
Давиде Калабрија.
„Ние не ги
користиме шансите, а тие имаат феномен кои од првата шанса ја затресе мрежата,
нам ни фали нешто такво“.
Тој потоа додаде:
„Знаевме дека ќе биде тешко во групава, па ќе го дадеме максимумот за да одиме
понатаму. Доколку сакаме да продолжиме
во Лигата на шампиони, ќе мора да ги засукаме ракавите и да работиме подобро.
Оној што не верува дека можеме да се пласираме во нок-аут фазата, подобро нека
остане дома“.
Запрашан за оваа
изјава, тренерот Стефано Пиоли рече: „Погреши со тоа што го кажа. Нема ниту
еден играч кој работи со погрешен пристап во Миланело, сите се со правилен
фокус и интензитет. Но во жештината на моментот, нормално е да се кажат вакви
работи. Она што го подготвуваме во текот на неделата, го прикажавме вечерва,
едностанво ни недостасуваше квалитет во одредени ситуации, погрешивме при
неколку клучни додавања“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.