Да видиш да не веруваш: Мегваер постигна гол, Онана одбрани пенал во 97. минута за триумф на Јунајтед! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Ѓаволите“
загубија на првите два натпревари, па вечерва против Копенхаген мораа да
победат за да ги задржат шансите за нок-аут фаза во Лигата на шампиони.

Избраниците на Тен
Хаг иако важеа за големи фаворити, тешко стигнаа до трите бода и тоа со помош
на Хари Мегваер и Андре Онана, кои не се многу омилени и трпат критики поради
слабите партии.

Дефанзивецот се
најде на право место во 72. минута и центаршутот на Ериксен го претвори во
водство од 1-0.

За трите бода да
останат на Олд Трафорд се погрижи Андре Онана, кој во 97. минута го одбрани ударот
на Џордан Ларсон од белата точка, откако Мектоминеј стартуваше несмасно и
направи пенал.

Елиф Елмас и
Наполи славеа со 0-1 на гостувањето кај Унион Берлин, Македонецот шанса доби на
стартот од второто полувреме.

Со истот резултат Реал
Сосиедад славеше кај Бенфика, а до гостински победи стигнаа и Реал
Мадрид против Брага, и Арсенал против Севиља, на двата меча беше 1-2.

Победник денеска немаше само на натпреварот помеѓу Ленс и ПСВ, кој заврши со 1-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×