Бајковитиот старт на Тотнем продолжува, падна и Фулам! (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Никој не очекуваше дека по девет меча во Премиерлигата, Тотнем со седум победи и две нерешени средби ќе биде лидер на табелата, но тоа се случува.

Тимот од Северен Лондон прикажува одлични партии под водство на Анге Постекоглу. Уште еден брилијантен меч имаше Сон.

Сон во 36. минута донесе водство за Тотнем, а по девет минути игра во вториот дел асистираше до Медисон кој ги постави конечните 2-0.

×