Мурињо брутално го истрола допингуваниот Папу Гомез, а имаше и зошто! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вчера играа Рома и Монца, а пред една недела како увертира за овој натпревар, Папу Гомез меѓудругото беше прашан и за Мурињо.

Аргентинецот тогаш зајадливо одговори: „Мојот единствен спомен од Мурињо е финалето во Лига Европа, во Будимпешта“.

Папу Гомез тогаш како фудбалер на Севиља го преседе финалето на клупа и го освои златото.

Некој ден по оваа изјава, Гомез доби суспензија за дипинг, бил позитивен пред Светското првенство.

Жозе Мурињо по вчерашната победа над Монца, не пропушти да му одговори на Гомез, а го удри и каде најмногу боли, за допинг тестот.

„Гомез не играше во финалето од Лига Европа. Мислам дека играше против Јувентус претходно. Но, јас не би сакал да земам од истиот сируп како тој доколку имам настинка, во спротивно би бил во невојла“, рече Мурињо.

Папу Гомез наводно бил позитивен поради од супстанца која ја имало во сируп кој го давал на неговото дете. Аргентинецот бил настинат, па земал од сирупот.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×