Контроверзниот новинар кој повремено излегуваше со имиња на фудбалери кои се обложувале, Фабрицио Корона ги посочи Залевски и Ел Шарави како играчи кои го правеле тоа.
Двајцата фудбалери остро ги демантираа таквите објави и најавија тужби, Рома излезе со соопштение во кое застана на нивна страна, а сега тоа го направи и Жозе Мурињо.
„Зборував со моите фудбалери и многу сум смирен. Тие разговараа со мене и убеден сум во нивната искреност. Доволно сме блиски за да ми ја кажат вистината, дури и тоа да беа лоши вести. Им верувам. Рома исто така излезе со соопштение, па нема простор за загриженост“, вели Мурињо.
„Дури и се смеевме со Залевски за тоа, бидејќи јас бев прв кој зборуваше со него за тоа, дури тој тогаш не ни знаеше што беше кажано за него“.
„Малку сум тажен бидејќи на насловна страна на весник во Португалија стоеше „фудбалер на Мурињо се обложувал на свој резултат“. Тоа ја нарушува сликата за фудбалерите кои не се виновни“.
„Понатаму фудбалерите ќе тужат за изнесените лаги, а ние веруваме во правдата. Кој и да треба да плати за нешто што направил погрешно, ќе плати. Вообичаено е така“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.