Папу Гомез играл на Светско првенство со паднат допинг тест, Аргентинецот го чека суспензија од две години

by
1 минути читање

Папу Гомез
неодамна се врати во Калчото и потпиша за Монца, но неговата нова авантура во
Италија очигледно нема да биде долга.

Ревело попладнево објави
дека шпанската анти-допинг агенција го суспендирала Аргентинецот на две години.

Како што се вели
во извештајот, Папу Гомез паднал на допинг тест додека бил фудбалер на Севиља,
и тоа во ноември минатата година, пред мундијалот во Катар.

Фудбалерот тогаш
се правдал дека една вечер не му било добро, па земал од сирупот кој го
користеле неговите деца без да се консултира со доктор. 

Папу Гомез не само што стана светски шампион иако имал паднат допинг тест, подоцна со Севиља ја освои и Лига Европа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×