Мбапе жали што останал во ПСЖ, пак сака во Реал Мадрид!

by
1 минути читање

Изминатово лето Мбапе одбиваше да стави потпис на нов договор со ПСЖ, сакаше да се пресели во Реал Мадрид, дури беше исфрлен од клубот сам да тренира.

Но, фудбалерот седна со раководството на ПСЖ и се договори да игра за нив и оваа сезона. Клубот се надева дека во меѓувреме ќе го убеди Мбапе да стави потпис на нов договор.

„Марка“ пишува дека Мбапе уште сега жали што останал во ПСЖ, а не се преселил во Реал Мадрид изминатото лето.

Неговиот договор истекува по крајот на оваа сезона и тој не планира да стави потпис на ново продолжување на ПСЖ.

Како што ќе одминува сезоната се очекува нова тензија меѓу него и клубот кој ќе притиска тој да стави потпис на нов договор за да не го изгубат бесплатно следното лето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×