Тонали против Кристал Палас го игра последниот натпревар, потоа на терените ќе се врати дури во 2025?!

by
1 минути читање

Сандро Тонали
оваа недела даде исказ пред обвинителот при ФФИ и обвинителството од Торино и
се очекува во скоро време да ја дознае казната за нелегалното обложување.

Медиумите од
Италија пренесуваат дека одлуката може да биде донесена на почетокот од
следната недела, па натпреварот против Кристал Палас овој викенд да биде
последен за Сандро Тонали оваа недела.

Фудбалерот од
средниот ред ќе добие поголема казна од таа на Николо Фаџоли поради тоа што се
обложувал на Милан, па останува да се види колку строг ќе биде обвинителот
Џузепе Кине.

Се шпекулира дека
Сандро Тонали ќе добие суспензија од најмалку 12 месеци, но одредни извори
говорат за подрастична казна, односно суспензија од 16 месеци, со што Сандо
Тонали би паузирал до 2025 година.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×