Де Лаурентис: Имаме вербален договор со Осимен за продолжување на соработката, ако се предомисли…

by
1 минути читање

На Наполи не му оди добро на почетокот од сезоната, а во меѓувреме Виктор Осимен имаше кавга со тренерот Руди Гарсија, а потоа доби и понижување од клубот преку социјалните мрежи.

Актуелниот договор на Осимен е до јуни 2025 година, нејасно е дали ќе го продолжи со оглед на тоа што за него има интерес од повеќе големи клубови.

„Со Осимен вербално се сложивме за нов договор во август, а ако се променат работите од негова страна… животот продолжува“, рече Де Лаурентис.

„Договорот на Виктор истекува во јуни 2025 година, има време“.

„Да ве потсетам, го продадов Кулибали на Челси една година пред да му истече договорот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

×