За сите во навивачите, раководството и играчите на Интер, нема дилеми, Лукаку е предавник бидејќи тајно водеше преговори со Јувентус додека нероазурите се обидуваа комплетно да го откупат.
Но, извршниот директор на Интер, Бепе Марота вели дека во клубот веќе никој не мисли на Лукаку.
„Лукаку е минато, тоа е само наше минато и ништо повеќе. Никој во Интер не мисли веќе на него, ниту еден единствен човек“, вели Марота.
„Неговото однесување? Се случува тоа во фудбалот. Не е првпат да се случи“.
Во меѓувреме навивачите на Интер се подготвуваат жестоко да го пречекаат Лукаку, со преку 50.000 свирчиња.
Дербито меѓу Интер и Рома се игра 29. октомври.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.