Нејмар на носилки
и со солзи во очите го напушти синоќешниот дуел против Уругвај во
квалификациите за мундијалот во 2026 година и се стравуваше дека го чека долга
пауза.
Вечерва пристигна
потврда за најцрните сценарија, од таборот на Ал Хилал соопштија дека
Бразилецот ги покредил вкрстените лигаменти на коленото, го оштетил и
менискусот па мора на операција.
Со ваква
прогноза, Нејмар го чека пауза од шест до девет месеци, па сезоната за него е
завршена.
Ал Хилал му плати
90 милиони евра на ПСЖ за трансфер на Нејмар, а на Бразилецот му даде плата од над
100 милиони евра годишно, но клубот од Саудиска Арабија нема да види многу аир
од сето ова барем до следната сезона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.