„Дејли Мејл“ пишува дека Њукасл е подготвен да тужи за да се заштити иако засега не знае што и кого ќе тужи.
Очекувањата се дека Тонали ќе добие суспензија од најмалку 12 месеци затоа што се обложувал на фудбалски натпревари, меѓу кои и мечеви на Милан.
Наводно, Њукасл ќе ги разгледа сите можни правни дејствија кои би можел да ги има на располагање бидејќи тие за Тонали пред само неколку месеци платија 80 милиони евра.
Њукасл ќе разгледа можно раскинување на договорот со Тонали, но и ќе види дали би можел да го тужи Милан доколку се испостави дека италијанскиот клуб знаел за порокот на фудбалерот.
Од друга страна пак, Њукасл јавно излезе со соопштение дека му дава комплетна поддршка на Тонали и на неговото семејство.
Тонали може да продолжи да игра за Њукасл додека официјално не ја добие казната, но нејасно е дали англискиот клуб би го играл во ваква состојба ако се знае дека фудбалерот е депримиран поради тоа што се води процес против него.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.