Еден фудбалер на Манчестер јунајтед треба да стравува за своето место со доаѓањето на Џим Ратклиф

by
1 минути читање

Семејството
Глејзер на маса имаше понуда од 5 милијарди фунти за продажба на Манчестер
јунајтед на Шеикот Јасим од Катар, но бизнисмените од САД го одбија предлогот и
се одлучија да тргнат по друг пат, ќе продадат 25% од акциите на Сер Џим Ратклиф.

Се говори дека
најбогатиот Британец како дел од зделката ќе добие контрола над фудбалските
операции во клубот, односно изборот на спортски директор, тренер, кроењето на
тимот и настапот на трансфер пазарот.

Како што пренесуваат
медиумите од Англија, од ваквиот развој на настаните, Касемиро треба да
стравува за својата иднина.

Кога Сер Џим
Ратклиф го посетил Олд Трафорд во март, тој ја критикувал трансфер политиката
на „ѓаволите“ и го посочил трансферот на Касемиро како дискутабилна зделка која
не му се допаѓа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×