Реал Мадрид потпиша професионален договор со синот на починатиот Антонио Рејес! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рејес иако само една сезона настапуваше за Реал Мадрид, има придонес за титулата во Ла Лига освоена во 2006/2007. Откако тој почина, Флорентино Перез реши да го земе неговиот син по своја закрила.

На Антони Рејес јуниор одлично му оди низ младинските школи во Реал Мадрид, важи за еден од најдобрите играчи таму, па го доби и првиот професионален договор.

„Ова е посебен момент за мене, го потпишав првиот професионален договор со Реал Мадрид, сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата која ја има во мене. Ќе продолжам да го давам максимумот за да стигнам најдалеку што можам“, изјави младиот Рејес.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

×