Нејмар се повреди, со солзи и на носилки го напушти теренот! (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Поразот од Ургувај не беше единствениот удар за Бразил, се повреди и главната ѕвезда на Бразилците, Нејмар.

Во финишот од првиот дел, Нејмар се повреди по еден дуел со Николас де ла Круз. Бразилецот не можеше да ги сокрие солзите, плачејќи беше изнесен од теренот.

Повредата е на коленото, допрва ќе се знае за што точно се работи, дали се лигаменти, менискус или можеби е само силен удар. Ако биде потребна операција, можна е пауза од шест до девет месеци. Копа Америка почнува за осум месеци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани