„Го избркав Роналдо од Реал бидејќи обожаваше да се забавува, соблекувалната мирисаше на алкохол!“

by
1 минути читање

Популарниот Дон
Фабио има многу приказни од својата тренерска кариера, а оваа недела се потсети
на односот со Роналдо во Реал Мадрид и како морал да го избрка Бразилецот.

„Обожаваше да се
забавува, дури ги вовлекуваше и соиграчите. Еден ден Ван Нистелрој ми кажа дека
во соблекувалната мириса на алкохол“
– вели Фабио Капело.

„Роналдо имаше 94
килограми, десет повеќе од тоа кога триумфираше на Светското првенство во 2002
година. Му кажав дека мора да го ставиме на диета, се обиде, но на крајот се
спушти само на 92,5 килогрми“.

„Еден ден, Силвио
Берлускони ми се јави и ме праша што мислам за хипотетички трансфер на Роналдо.
Го советував да не го прави тоа, му кажав дека Роналдо мисли само на журки и
како да биде опкружен со девојки. Ми рече, „Во ред, фала ти Фабио“. Следниот
ден во весник прочитав „Роналдо се сели во Милан“. Очигледно не ме послуша“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×