Полицијата го застрела лицето кое синоќа уби двајца Швеѓани во Брисел

by
1 минути читање

Во пресрет на
натпреварот помеѓу Белгија и Шведска, се случи терористички напад во Брисел,
маж со автоматска пушка уби две лица, навивачи на Шведска.

Напаѓачот беше
идентификуван како Абдесалем Ласуед, 45 годишен Тунижанец кој во Белгија живеел
илегално.

По долга потрага,
тој утринава бил застрелан. Полицијата добила информации дека Абдесалем Ласуед
е забележан во кафуле во бриселската населба Скарбек, па била започната акција
која завршила со престелка, напаѓачот бил погоден во градите.

Се говори дека
оружјето употребено во вчерашниот напад било пронајдено покрај застреланиот, а
неколку парчиња оружје биле пронајдени во блискиот парк.

Одредени медиуми
пишуваат дека Абдесалем Ласуед им подлегнал на повредите, но овие информации не
се официјално потврдени.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×