Молдавија е чудото во квалификациите, им го загорчи животот на Полјаците и создаде драма во група Е!

by
1 минути читање

Целиот состав на Молдавија вреди околу 15 милиони евра, во него нема играч ни блиску од петте најдобри лиги, никогаш не играле на европски и светски првенства, а најдобриот стрелец во историјата има само 13 погодоци. И токму тие се најпријатното изненадување во квалификациите.

Во 4. коло од квалификациите Молдавија ја победи Полска која на тој меч имаше предност од 2-0. Играше и Левандовски, но Молдавците направија чудо, го свртеа мечот и победија со 3-2. Вчера Полјаците кикснаа и на свој терен откако одиграа само 1-1 со оваа репрезентација која е дури 159. на ФИФА ранг листата.

Реченицата дека „Денеска сите играат фудбал“ ја потврдува токму Молдавија. Тие по шест натпревари имаат девет бода, само еднаш загубија. Имаат бод помалку од третата Полска која има и натпревар повеќе. Втора е Чешка со 11 бода, а на чело е Албанија која е пред пласман на Европското првенство.

Молдавија во следното коло ја пречекува Албанија, а во последното гостува кај Чешка, можно е тоа да им биде и директен дуел за втората позиција од која ќе остварат нешто кое можеби не го ни сонувале, пласман на Европското првенство.

Од друга страна Полска стигна во ситуација да не решава сама. Тие следниот натпревар, за нив и последен во квалификациите го играат против Чешка. Со победа ќе избијат на втората позиција, но потоа треба да се молат Молдавија да загуби од Албанија, а да ја победи Чешка.

Последните две кола во група Е ќе донесат вистинска драма, од четирите споменати селекции, најизгледна е ситуацијата на Албанија која во последното коло ги пречекув Фарските острови, а се чини дека и со само бод од последните две кола ќе се пласира на Европското првенство.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×