Шпанија, Шкотска и Турција обезбедија Европско првенство, Хрватска падна на трето место! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Со гол на Гави во 49. минута, Шпанија со 1-0 славеше на гостувањето кај Норвешка.

Норвежаните со овој пораз ги загубија сите шанси за едно од првите две места, тие имаат уште еден меч до крајот, а пет бода помалку од Шпанија и Шкотска.

Хрватска со 2-1 загуби на гостувањето кај Велс, два порази по ред за коцкастите во овие квалификации и сега ќе бараат помош од Турција која со денешната победа над Летонија од 4-0 избори пласман на Европското првенство.

Ако не успее Хрватска да се пласира преку квалификациите, ќе може тоа да го направи преку Лигата на нации.

Во останатите денешни натпревари Полска киксна против Молдавија, одигра само 1-1, Романија со 4-0 ја совлада Андора, Швајцарија и Белорусија одиграа 3-3, Чешка со 1-0 ги совлада Фарските острови, а Грузија со 4-0 беше подобра од Кипар.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×