Од скандал во скандал: Нејмар го навредил првиот човек на ФФБ и се заканил дека нема да игра против Уругвај

by
1 минути читање

Изминативе денови, Нејмар е во фокусот на јавноста откако Бразил разочара против Венецуела и одигра само 1-1. По крајот на натпреварот, напаѓачот беше погоден во глава со кутија пуканки, по што збесна и сакаше да се пресмета со сопствените навивачи.

Потоа се појавија гласини кои велеа дека Нејмар заедно со Винисиус и Ришарлисон се забавувале со три инфлуенсерки вечерта пред натпреварот.

Последните информации говорат за нов скандал, Нејмар го навредил првиот човек на Фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригез.

На најголемата ѕвезда на „кариоките“ не му се допаднало тоа што било решeно натпреварот против Венецуела да се игра на „Арена Пантанал“ во Кујаба, па настанала расправија а напаѓачот му се обратил на Едналдо Родригез со зборовите „курвин син“.

И не само тоа, Нејмар дури се заканил дека нема да игра на следниот натпревар против Уругвај.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани